
На Светското првенство во алпско скијање во дисциплината спуст, Марко Одермат дојде до првиот светски медал во кариерата.
Имено, Швајцарецот (1:47,05) освои злато, откако го натскија најголемиот фаворит за титулата, Александер Омодт Килде (+0,48), за речиси половина секунда во Куршевел, Франција.
Нивниот успех делумно го ,,засени” и Камерон Александер (+0,89) од Канада, кој освои бронза за првпат во својата кариера.
Од останатите скијачи, под една секунда доцнеше уште Марко Шварц (+0,93), а во топ 10 се најдоа: Џејмс Крофорд (+1,01), Максанс Музатон (+1,08), Флоријан Шидер (+1,09), Доминик Парис (+1,13), Миха Хробат (+1,13) и Томас Дресен (+1,15).