
Првото издание на турнејата ,,Германскиот трофеј”, од Светскиот куп во нордиска комбинација, заврши со денешното натпреварување во Шонах, Германија.
На него, до седмата овосезонска победа дојде Јоханес Лампартер (24:40,0), кој воедно стана шампион и на самата турнеја.
Австриецот беше трет после скокачкиот дел, но сепак успеа да го остави на второто место Јенс Лураас Офтебро (+1,6) и да ја зголеми предноста во генералниот пласман.
На третото место заврши Лорен Муленталер (+12,9), кој за неполна секунда го натскија Јулијан Шмид (+13,6).
Во продолжение, под една минута заостануваа уште: Акито Ватабе (+38,1), Марио Зајдл (+49,0) и Кристјан Илвес (+53,8).