понеделник, септември 25, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Мајами приреди сензација во увертирата на десеттото коло

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 12, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Michael Reaves/Getty Images

На последните три меѓусебни пресметки, по една во 2016, во 2017 и во 2019, Мајами Долфинс постигнаа вкупно 16, а примија неверојатни 137 поени од Балтимор Рејвенс.

Сепак, ,,Делфините”, во увертирата на десеттото коло, приредија сензација и славеа со 22-10 што претставува прва меѓусебна победа после 2015.

Заклучно со третата четвртина, Мајами водеше со минимални 6-3, стекнати со филд-головите на Џејсон Сандерс (х2), односно на Џастин Такер.

Во четвртиот квартал, Сандерс шутираше прецизно уште двапати (еден филд-гол и еден екстра-поен), а неговите соиграчи постигнаа два тачдауни.

Најпрво, дефанзивецот Ксавиен Хауард сам избори, поклопи и претвори за тачдаун еден фамбл, а во финишот, квотербекот Туа Таговаилоа се проби со топката во противничката енд-зона.

Таговаилоа влезе на теренот во почетокот на третата четвртина, наместо повредениот Џакоби Брисет и го заврши мечот со 8/13 прецизни додавања за 158 јарди.

На спротивната страна, Ламар Џексон уфрли 238 јарди од 26/43 обиди, а помеѓу двата тачдауни на Долфинс во четвртиот период, донесе шест поени со пасот кон Марк Ендрус.

Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Балтимор (6-3) остана на второто, а Мајами (3-7) се проби на тринаесеттото место во Американската конференција.

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалБалтиморМајамиНФЛ
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Убедлива партија на Њу Џерси против дивизиските ривали

Следна вест

(ВИДЕО) Недисциплината на Русија им донесе победа на Финците

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот
Ракомет

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Миовски прв стрелец во Шкотска! Нови два гола за Абердин (ВИДЕО)
Фудбал

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
ВО ЖИВО: Пролет – Тиквеш
Ракомет

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Алкалоид стигна до третата победа
Ракомет

Алкалоид стигна до третата победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Недисциплината на Русија им донесе победа на Финците

(ВИДЕО) Недисциплината на Русија им донесе победа на Финците

Последно

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

Алкалоид стигна до третата победа

ВО ЖИВО: Тиквеш – Струга

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.