
Во последните осум години, вклучувајќи ги и подготвителните средби, Њу Џерси Девилс не примија гол од Њујорк Ајлендерс само двапати на вкупно 46 меѓусебни пресметки.
Токму синоќа се случи вториот ваков настан, кога Девилс славеа над дивизиските ривали со конечни 4-0.
Јане Куоканен го отвори резултатот во тринаесеттата минута во момент кога Њу Џерси имаше играч помалку, а заклучно со втората третина, водството на домаќините го удвои Томаш Татар.
Во последниот период, Ајлендерс настојуваа да дојдат барем до почесен погодок, но парадоксално, Њу Џерси постигна уште два гола преку Досон Мерсер и Даги Хамилтон.
На голот на домашната екипа стоеше неверојатниот Мекензи Блеквуд, кој ги одбрани сите 42 противнички удари за првиот шут-аут во новата сезона.
Со новите два поени, Девилс избија на шестото место во Источната конференција, додека Ајлендерс ја заземаат тринаесеттата позиција.



