Дивизиските ривали од АФК Југ, Индијанаполис Колтс и Хјустон Тексанс, се соочија по вторпат во последните две недели.
Двата натпревари завршија речиси со идентичен резултат при којшто Колтс триумфираа најпрво со 20-26, а денес со 27-20.
На денешната средба, претставниците на Тексас можеа да изборат продолжение, доколку во последниот напад, после чудесни акробации, не ја изгубеа топката во противничката енд-зона во завршните секунди.
Два тачдауни за Колтс постигна Зек Паскал, кој освои вкупно 79 јарди со фаќање. Освен него, во листата на поентерите се запиша Џонатан Тејлор, заедно со шутерот Родриго Бланкеншип.
Од друга страна, двата тачдауни на Тексанс беа дело на Чед Хансен и на Кеке Кути, придружени со вкупно осумте поени на Ка’ими Фербирн. И покрај поразот, нивниот квотербек, Дешон Вотсон, беше неверојатен со 33/41 обиди за додавање, со два уфрлени тачдауни и со вкупно 398 освоени јарди.
Колтс, со денешниот триумф, избија на 10-4 и се израмнија со Тенеси Титанс на врвот на АФК Југ, односно дивизијата во којашто Тексанс се трети со 4-10.
Во соработка со НФЛ Македонија



