
На претпоследниот ден од Светскиот куп во биатлон, одржани во Осло (Норвешка), се одвиваа последните потери од тековната сезона.
Кај мажите, како единствен со стопроцентен стрелачки учинок од првите десетмина, до триумф дојде Германецот Ерик Лесер (32:03,8), кој славеше за првпат после 2016.
По вторпат во низа, на второто место заврши новиот шампион, Квентин Фијо Маје (+9,4), а вчерашниот победник, Стурла Холм Лагреид (+22,7), го комплетираше подиумот.
Сите останати скијачи доцнеа над една минута, а во топ 5 се пласираа Себастијан Самуелсон (+1:04,9) и Ветле Сјастад Кристијансен (+1:09,7).
Во женска категорија, вчерашната предност ја одбрани Тирил Екоф (29:55,6), а на второто место, но доволно за осигурување на кристалниот глобус, заврши Марте Олсбу Роиселанд (+24,9).
Како третопласирана, до деветтиот подиум во кариерата дојде Словачката Паулина Фијалкова (+50,5), која се искачи на пиедесталот за првпат после 20 јануари 2019.
Во првите пет завршија уште Ане Шевалие-Буше (+59,0) и Денизе Херман (+1:05,2).