
На првото натпреварување во ски летови од тековната сезона на Светскиот куп, најдобар беше Штефан Крафт.
Австриецот ги доби вчерашните квалификации во германскиот Оберстдорф, а денес славеше со летовите од 232 и од 207 метри.
Првиот овосезонски подиум, со денешното второ место, го освои Словенецот Жига Јелар, а актуелниот вицешампион во оваа дисциплина, Тими Зајц, беше трет.
На четвртата позиција се пласираше уште еден Словенец, Анже Ланишек, а во првите десетмина се најдоа: Пјотр Жила, Мариус Линдвик, Бендик Хегли, Петер Превц, Карл Гајгер и Рјоју Кобајаши.