
Претпоследната трка од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција беше финалето во велеслалом, одржано во Мерибел (Франција).
На него, до триумф дојде новиот првак и освојувач на кристалниот глобус, Марко Одермат (2:10,40), кој беше најдобар и после двете серии.
Швајцарецот, со новите сто поени, исто така го доби и малиот кристален глобус во велеслалом.
Второто место му припадна на Норвежанецот Лукас Бротен (+0,49), а третопласиран беше Лоик Мејар (+0,63).
Во продолжение, под една секунда заостануваа уште: Штефан Бренштајнер (+0,74), Џино Кавиецел (+0,88) и Алексис Пантуро (+0,92).