Ентони Дејвис и ЛеБрон Џејмс повторно го предводеа својот тим, Лос Анџелес Лејкерс, до победа над Денвер Нагетс и до водство од 3-1 во полуфиналната серија.
Имено, Лејкерс славеа со 108-114, имајќи резултатска предност во текот на цел натпревар, а Дејвис и Џејмс комбинираа за вкупно шеесет поени. Ентони Дејвис имаше учинок од 34 поени, 5 скокови и 3 асистенции, додека ЛеБрон забележа 26 поени, 9 скокови и 8 асистенции.
Џамал Мареј беше најефикасен кошаркар кај поразениот состав постигнувајќи 32 поени.



