Дербито на Флорида помеѓу Мајами Долфинс и Џексонвил Џагуарс го отвори третото коло од новата НФЛ сезона.
Имено, натпреварот започна со одлична игра во сите сфери на Мајами, кој стигна до предност од 0-14 со два постигнати тачдауни, притоа дозволувајќи им на ,,Јагуарите” да освојат само еден прв даун. Поентери за Долфинс беа Престон Вилијамс со фаќање, Џордан Хауард со пробивање и Џејсон Сандерс со два екстра-поени.
До крајот на полувремето, двете екипи постигнаа по еден тачдаун, односно Мајк Гесики за Мајами и Џејмс Робинсон за Џексонвил.
Во третата четвртина, падна само еден тачдаун постигнат од Мајами т.е. од Рајан Фитцпатрик, кој ја доби топката во раце по изгубениот фамбл на Џексонвил во ,,црвената зона”.
Во последната четвртина, Робинсон забележа уште еден тачдаун, но руки-шутерот Брендон Рајт го промаши шутот за екстра-поен.
Конечниот резултат од 13-31, а воедно и првата овосезонска победа на Мајами, ги донесе Сандерс со филд-гол од триесет и еден јард на неполни четири минути до крајот.
Рајан Фитцпатрик одигра релативно одличен натпревар со постигнати два тачдауни со додавање, еден со трчање, со освоени 160 јарди и 18/20 успешни обиди за додавање.
Од друга страна, квотербекот на Џагуарс, Гарднер Миншу, освои дури 275 јарди, но не уфрли за ниту еден тачдаун и имаше две пресечени додавања.
Во соработка со НФЛ Македонија



