Питсбург Пиратес се тимот со најслаб досегашен учинок во тековната МЛБ сезона, но синоќа успеаја да ги декласираат дивизиските ривали, а воедно и шампионите од 2016 – Чикаго Кабс.
Имено, домаќините од Питсбург запишаа победа од 7-0 и по третпат во низа ги совладаа ,,Младенчињата” од Чикаго.
Фрлачот на Пиратес, Чад Кул, беше одличен и во седум ининзи, дозволи само два удари на противничките удирачи.
Од друга страна, удирачите на Питсбург не забележија поени само во шестиот и во осмиот ининг.
На натпреварот беа постигнати и четири хоум-рани, а во листата на стрелците се запишаа Колин Моран, Брајан Рејнолдс, Адам Фрејзер и Џош Бел.
И покрај победата, Питсбург остана на дното на Источната конференција, додека Кабс се четвртопласирани со учинок од 32-25.



