Првите финалисти, воедно и овосезонските шампиони на Западот, се Лос Анџелес Лејкерс.
,,Езерџиите”, со вкупни 4-1, ги елиминираа Денвер Нагетс во финалето на својата конференција.
Петтиот натпревар од меѓусебната серија заврши со резултат од 117-107 во корист на ,,Жолтите” од Лос Анџелес.
Најмногу од сите се истакна ЛеБрон Џејмс со трипл-дабл учинок составен од 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Освен него, одлична партија за Лејкерс имаше и Ентони Дејвис со 27 поени.
Во поразениот состав, Никола Јокиќ и Џереми Грант уфрлија по дваесет поени, а еден помалку постигна Џамал Мареј.
Имено, за Лејкерс ова е 32. конференциска титула, односно 26. откако, од Минеаполис, се преселија во Лос Анџелес во 1960 година.



