Во рамките на седмо коло од Прва ЖФЛ се игра дербито на колото кое што ќе биде битка за заземање на врвот и пол позиција за понатамошниот тек на првенството и освојувањето на првото место.
Од 15.00 часот во Македонска Каменица на градскиот стадион домашната екипа на ЖФК Каменица Саса кој е актуелен шампион на Македонија ќе го пречека моменталниот лидер на табелата, тимот на ЖФК Деспина од Прилеп кој има максимален учинок на победи во Прва ЖФЛ.
Прва ЖФЛ 7 коло
Градски стадион: Македонска Каменица
Почеток: 15.00 часот
Натпреварот ќе се одигра БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА согласно мерките и протоколи за заштита од COVID 19.



