Тампа Беј Лајтнинг и Далас Старс повторно стигнаа до продолжение за да го утврдат меѓусебниот победник.
Овој пат, за разлика од претходниот меч, Далас беше поуспешен во дополнителното време и со тоа ја анулира првата ,,меч-топка” на Лајтнинг, намалувајќи на 3-2.
Старс поведоа преку Кори Пери во првиот период, за во вториот, Ондреј Палат да израмни на 1-1.
Во воведните минути од третата третина, Тампа Беј направи пресврт и поведе со 2-1, благодарение на Михаил Сергачјов.
Десет минути подоцна, Џоу Павелски му донесе ново израмнување на Далас и го однесе натпреварот во продолжение.
Во нерегуларното време, беше потребен речиси цел половина час за Кори Пери, со својот втор гол на мечот, да го остави Далас во игра за титулата.



