
На саботната програма од натпреварувачкиот викенд во Гран-Борнар (Франција) од Светскиот куп во биатлон беа потерите, базирани на последните спринтови.
Кај мажите, по петте победи, Јоханес Тингнес Бо (+35,8) го освои третото место, пред сè поради двете промашени пукања.
Пред него, на потерата завршија неговите сонародници Штурла Холм Лагреид (29:44,1) и Ветле Сјастад Кристијансен (+24,6) за комплетен норвешки подиум.
Во женска конкуренција, благодарение на стопроцентниот стрелачки учинок, до триумф дојде Елвира Оберг (29:42,4).
И покрај двата промашаи, второто место го зазеде Лиза Витоци (+20,4), а радост на домашните навивачи им донесе третопласираната Жулија Симон (+46,9).
Во продолжение, сите останати скијачки доцнеа повеќе од една минута, а во топ 5 завршија Ингрид Ландмарк Тандерволд (+1:19,9) и Доротеа Вирер (+1:51,9).