
Четвртиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во крос-кантри започна денес со спринтовите во Давос, Швајцарија.
Во женска конкуренција, радост на домашните навивачи им донесе Надин Фендрих (2:36,24), која триумфираше по вторпат во низа во најбрзата дисциплина.
На пиедесталот завршија уште Џеси Дигинс (+0,24) и Јохана Хегстром (+0,32), додека во фотофиниш, без медал остана Тирил Уднес Венг (+0,33).
Кај мажите, до првиот триумф после речиси две години стигна Федерико Пелегрино (2:14,31), кој во завршниот спринт го доби Јоханес Клебо (+0,15).
Третопласиран беше Лука Шанава (+1,25), а во големото финале се пласираа уште Евен Нортуг (+1,83), Едвин Ангер (+5,50) и Џејмс Клагнет (+13,39).