
На четвртиот овосезонски спуст од Светскиот куп во алпско скијање, одржан во Вал Гардена (Италија), до четвртата победа во сезоната дојде Александер Омодт Килде (2:02,35).
Норвежанецот победи на три од вкупните четири трки во најбрзата дисциплина и ја зголеми предноста во битката за малиот кристален глобус.
На второто место се пласираше Французинот Жоан Клери (+0,35), кој стана најстариот скијач што завршил на подиум со 41 година и 343 дена.
Третата позиција ја зазеде уште еден 32-годишен ветеран, Италијанецот Матија Касе (+0,42), искачувајќи се на пиедесталот за првпат во кариерата.
Во продолжение, под една секунда доцнеа уште: Адриен Тео (+0,67), Џејмс Крофорд (+0,69), Сиприен Саразан (+0,87), Тревис Генонг (+0,92) и Марко Одермат (+0,92).