Денешната трка во Мото 2 се возеше на истата патека како минатиот викенд – „Сиркуито де Херез – Анхел Нието“ во Шпанија. Овој пат, трката беше именувана како трка за големата награда на Андалузија.
До првата победа во кариерата во оваа категорија дојде Италијанецот Енеа Бастијанини, кој уште на почетокот, од третата стартна позиција се искачи на првата и извоза соло-трка до самиот крај. На втората и третата позиција завршија двајца други негови сонародници, Лука Марини и Марко Беѕеки, кои по завршувањето на трката приредија една комична и несекојдневна сцена.
Во првите десет возачи, по идентичен редослед, завршија: Сем Лоус, Арон Канет, Хорхе Мартин, Том Лути, Чави Виерхе, Стефано Манци и Марсел Шротер.