
Во полуфиналната серија од НХЛ, Колорадо Аваланш ги совладаа Едмонтон Оилерс со 4-0 и поведоа со вкупни 2-0.
Домаќините од Денвер ја завршија својата работа во втората третина, кога во интервал од две минути, дури трипати ја затресоа мрежата на Мајк Смит.
Стрелци за Аваланш на овој натпревар беа Артури Лехконен, Џош Менсон, Мико Рантанен и Нејтан МекКинон.
Голманот на победничкиот состав, Павел Францоуз, го запиша првиот шут-аут во овосезонскиот плејоф, одбранувајќи ги сите дваесет и четири противнички шутеви.