
Тампа Беј Рејс го запишаа вториот последователен триумф над Тексас Ренџерс, откако синоќа ги совладаа со 3-1.
,,Ражите” од Флорида ги запишаа своите три поени во вториот и во третиот ининг преку Франциско Мехија, Мануел Марго и Харолд Рамирез, кои освоија по четири бази.
Гостите од Тексас го намалија својот заостаток, односно го поставија конечниот резултат во шестата деветтина со вториот овосезонски хоум-ран на Маркус Семиен.
Во Американската лига, Тампа Беј (30-21) скокна на четвртото место, додека Тексас (24-26) остана на седмата позиција.




