Изминатите четири дена беа резервирани за 69. издание на популарниот Бритиш Мастерс, кој се одржа на ресортот „Белфрај“ по желба на најдобриот англиски учесник од минатата сезона – Дени Вилет.
Токму Вилет, како домаќин, постигна дури 19 „брдија“ и изнуди 19 илјади фунти како донација за борбата против ракот на простата од страна на спонзорот Бетфред.
Имено, на 13. овосезонски турнир од Европскиот тур, победникот беше одлучен после плејоф, откако по регуларните четири рунди, првото место го делеа Гвидо Миљоци и Ричард Бленд со по (-13) поени.
Накрај, со триумф се закити Бленд, кој славеше за првпат на Европскиот тур после 477 неуспешни стартови, а воедно победи за првпат на професионално ниво после 4 ноември 2001.
За Миљоци, ова беше прв плејоф во кратката професионална кариера, кој за жал на неговите симпатизери заврши неславно.
После првите три рунди, желбата да стане прв полски победник во историјата на ова натпреварување ја имаше Адријан Меронк.
Сепак, Полјакот потфрли во последниот ден и накрај го подели третото место со Мико Корхонен и со Дејв Капленд (-12).
Во продолжение, во првите десетмина се пласираа уште: Дин Барместер (-11), Енди Саливен (-11), Калум Хил (-10), Роберт Мекинтаер (-10) и Едоардо Молинари (-10).
📸 Andrew Redington/Getty Images



