Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев влезе во вториот дел и одигра уште еден квалитетен меч во Серија А во дресот на Џенова која загуби од Аталанта со 3-4. Нашиот Горан најпрво од пенал во 67 минута погоди за 2-4, додека пак во 84. минута го проигра Шмурудов кој го совлада голманот на Аталанта. Горан Пандев оваа сезона и помогна на Џенова да обезбеди опстанок со 7 гола и 3 асистенции.