Вардар ја освои титулата во Купот на Македонија откако во големото финале го совлада Еурофарм Пелистер со резултат 26-24 (полувреме 16-10).
Во составот на Вардар најефикасен беше Чупиќ со 7 голови, додека Дисингер постигна 6. Кај Пелистер најефикасене беше Периќ со 9 гола . Ристовски имаше 5 одбрани, додека на спротивната страна Чаневски имаше 10. За МВП беше прогласен Иван Чупиќ, наградата за најдобар голман ја доби Борко Ристовски, додека најдобар стрелец беше Јосип Периќ.



