Канзас Сити Чифс останаа во игра за првата позиција во АФК, односно за една слободна недела во плејофот, откако во увертирата на последното коло, ги поразија Денвер Бронкос со 24-28.
За Чифс, ова беше тринаесеттата победа во низа над дивизискиот ривал, против кој, Патрик Махоумс има најдобар учинок во кариерата од 9-0.
Токму Махоумс беше еден од протагонистите за синоќешниот триумф на гостите со освоени 270 јарди со додавање, 54 јарди со трчање и два тачдауни.
Од неговите соиграчи, по еден тачдаун постигнаа Тревис Келси, Џерик МекКинон и Ник Болтон, а 103 јарди со фаќање освои Мекол Хардмен.
На спротивната страна, квотербекот Дру Лок имаше скромни 162 јарди од 12/24 обиди за додавање, но двапати ја внесе топката во противничката енд-зона со пробивање.
Уште еден тачдаун за Денвер додаде најдобриот тркач, Мелвин Гордон, кој истрча вкупно 104 јарди.
Доколку Тенеси Титанс загубат вечерва од Хјустон Тексанс, Канзас Сити Чифс (12-5) ќе ја имаат првата позиција во Американската конференција, а во спротивно ќе треба да се задоволат со второто место.
Од друга страна, Денвер (7-10) се наоѓа на тринаесеттата позиција и во целост отпадна од битката за доигрување.
Во соработка со НФЛ Македонија