
Серијата од десет победи на Питсбург Пенгуинс беше прекината синоќа, откако Далас Старс славеа во меѓусебниот дуел со 3-2.
,,Пингвините” го започнаа мечот на посакуван начин при што Брајан Думулан и Каспери Капанен, погодија за експресни 0-2 во интервал од 25 секунди.
Кон крајот на втората третина, домаќините дојдоа до преполовување на резултатскиот дефицит преку шестиот овосезонски погодок на Денис Гуријанов.
Во третиот период, Старс најпрво израмнија на 2-2 преку Џоу Павелски, а само 75 секунди подоцна, го комплетираа пресвртот, благодарение на Роопе Хинтц.
Со четвртата врзана победа, Далас изби на дванаесеттото место во Западната конференција, додека Питсбург е седми на Истокот.




