
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Канзас Сити Ројалс ги надиграа Детроит Тигерс со 3-1 и им го нанесоа третиот пораз во низа.
Ројалс поведоа со 1-0 во четвртата деветтина, но ,,Тигрите” го израмнија резултатот во шестиот период.
Сепак, во истиот ининг, домаќините постигнаа уште два поени и дојдоа до конечен триумф.
За Тигерс, поенот го запиша Рајли Грин, а во листата на поентерите за Ројалс се запишаа Вини Пасквантино (х2) и Боби Вит Џуниор.
Во Американската лига, Детроит (36-50) е тринаесетти, додека Канзас Сити (33-52) го зазема четиринаесеттото место.