Тинекс Пролет го реши голманското прашање за новата натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со Данило Михаљевиќ. Овој 25-годишен чувар на мрежата доаѓа од Црна Гора и има зад своето име настапи за сите младински селекции, како и за А-репрезентацијата на својата татковина..
Михаљевиќ има настапувано за неколку црногорски екипи, но исто така и во неколку клубови во странство, како Пореч од Хрватска, Железничар Ниш од Србија, Сетубал од Португалија и Пјотрковјанин Трибулански од Полска. Тој доаѓа за да го засили тимот по заминувањето на Јане Цветковски и ќе ја сочинува голманското трио заедно со Андреј Петковски и со Матеј Ивановски.