Според статистиката Франческо Тоти е најефективниот фудбалер во Серија А во 21-от век. Тој за Рома на 444 натпревари постигнал 207 гола и забележал 121 асистенција.
Во ТОП 20 се најде и нашиот Горан Пандев. Македонската легенда оддигра 491 натпревар, за Лацио, Интер, Наполи и Џенова на кои постигна 101 гол и подели 49 асистенции.