среда, март 29, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Канзас Сити до титула во последните секунди; Шоу на Ријана на полувремето

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 13, 2023
📁 Останато, Спорт
📸 Carmen Mandato/Getty Images

Канзас Сити Чифс се новите шампиони на НФЛ, откако во Супер Боул 57 триумфираа над Филаделфија Иглс со 38-35 со филд-гол во последните секунди.

На мечот, поените паѓаа по наизменичен редослед, иако Иглс имаа позитива од 24-14 после втората четвртина.

На овој начин, Филаделфија стана само вториот тим во историјата после Атланта Фалконс во 2017, кој на полувремето на Супер Боул имал двоцифрена предност, а накрај го загубил натпреварот.

Од друга страна, квотербекот на Чифс, Патрик Махоумс, освои МВП награда пред два дена и влезе во елитно друштво со Том Брејди и со Џоу Монтана како единствени играчи со два прстени и со две МВП признанија.

Махоумс го заврши финалето со 182 јарди од 21/27 прецизни додавања и со три тачдауни.

Од неговите соиграчи, шутерот Харисон Баткер беше ,,виновник” за последното славје, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Тревис Келси, Ник Болтон, Кадариус Тони и Скај Мур.

На спротивната страна, освен шутерот Џејк Елиот, во листата на поентерите, со фаќање, влезе и Еј Џеј Браун.

Освен нив, одлична партија одигра и квотербекот Џејлен Хуртс, кој постигна хет-трик од тачдауни со трчање, а притоа уфрли и 304 јарди од 27/38 обиди.

На патот до титулата, Чифс ги елиминираа Џексонвил Џагуарс (27-20) и Синсинати Бенгалс (23-20), додека Филаделфија беше подобра од Њујорк Џајантс (38-7) и од Сан Франциско 49ерс (31-7).

Овој пат, задолжена за спектакуларното шоу на полувремето беше познатата мега-ѕвезда – Ријана.

Tags: Американски фудбалКанзас СитиНФЛСупер БоулФиладелфија
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Сиетл го оствари првиот триумф во февруари против Филаделфија

Следна вест

Петровски одличен во првиот натпревар од ЕХФ Купот

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Прва победа за Вимблдон после единаесет натпревари
Спорт

(ВИДЕО) Прва победа за Вимблдон после единаесет натпревари

✏️ Епов Насе
29/Мар/2023
(ВИДЕО) Сан Хозе ја искомплицира плејоф-ситуацијата на Винипег
Останато

(ВИДЕО) Сан Хозе ја искомплицира плејоф-ситуацијата на Винипег

✏️ Епов Насе
29/Мар/2023
(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години
Останато

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

✏️ Епов Насе
28/Мар/2023
Струга стигна до победа во Куманово
Ракомет

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мар/2023
Следна вест
Кипријановска убедливо најдобра за победа

Петровски одличен во првиот натпревар од ЕХФ Купот

Последно

(ВИДЕО) Прва победа за Вимблдон после единаесет натпревари

(ВИДЕО) Сан Хозе ја искомплицира плејоф-ситуацијата на Винипег

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.