Во првиот осминафинален дуел од Европскиот Куп Јуниор Фасано на македонскиот интернационалец Дарио Петровски, загуби дома од Сесвете од Хрватска со 34:35.
Петровски одигра одлично и со 6 погодоци и неколку асистенции беше меѓу најдобрите во неговиот тим.
Реванш дуелот меѓу Јуниор Фасано и Сесвете е закажан во Загреб наредниот викенд.