
По серијата од три порази, Сиетл Кракен го остварија првиот триумф во февруари, совладувајќи ги Филаделфија Флаерс со 3-4.
Домашната екипа постигна по еден гол во секоја третина при што еден беше за водство, еден за израмнување и еден за намалување на дефицитот.
Од редовите на Флаерс, во листата на стрелците се запишаа Овен Типет, Џејмс Ван Римсдајк и Патрик Браун.
На спротивната страна, мрежата на Феликс Сандстром ја затресоа Џордан Еберле и Еели Толванен во првиот, односно Џејден Шварц во наредните два периоди.
Во Западната конференција, Сиетл го држи четвртото место, додека Филаделфија е тринаесетти тим на Истокот.