Синоќа, Денвер Нагетс израмнија на вкупни 1-1 против Портланд Трејл Блејзерс, совладувајќи ги со 128-109.
Уште од самиот старт, мечот се одвиваше во посакувана насока за Нагетс, кои стекнаа двоцифрена предност во првата четвртина.
Накрај, со 38 поени, со 8 скокови и со 5 асистенции, најефикасен од победничкиот состав беше Србинот Никола Јокиќ.
Кај Портланд, со дабл-дабл, најмногу се истакна Дамиен Лилард, кој забележа 42 кошеви и 10 асистенции.
Својот следен меч, двете екипи ќе го одиграат на 28 мај со почеток од 04.30 часот наутро.