Горан Пандев има неверојатна кариера во Серија А, а во негова чест беше направен краток филм бидејќи оваа сезона успеа да даде 7 гола на кои додаде и 3 асистенции и да влезе во „Клубот 100“.
Тој е еден ретките странски фудбалери на кои им успеало да постигнат најмалку сто погодоци во Италија. Со вкупно 101 погодок постави рекорд за фудбалерите кои доаѓаат од Балканот.



