Винипег Џетс изборија пласман во четврт-финалето, откако во осмина-финалната фаза ги елиминираа Едмонтон Оилерс со вкупни 4-0.
Нивниот синоќешен дуел заврши со резултат од 3-3 во регуларно време, а после продолжението од цели 47 минути, Винипег избори победа.
После првиот дел, Џетс водеа со 2-1, благодарение на головите на Марк Шајфеле и на Мејсон Еплтон, додека за Оилерс стрелаше Конор МекДејвид.
Рајан Нуџент-Хопкинс и Алекс Чијасон направија пресврт во корист на Едмонтон во вториот период, а во третата третина, Шајфеле избори продолжение.
Накрај, клучен играч на мечот беше Кајл Конор, кој со својот втор гол во тековниот плејоф им донесе четврт-финале на претставниците на градот Винипег.