
Саботната програма од натпреварувачкиот викенд во Осло (Норвешка), во рамките на Светскиот куп во биатлон, започна со машката потера.
Имено, стекнатата предност од спринтот пред два дена му донесе нов лесен триумф на Јоханес Тингнес Бо (32:34,0) и покрај едниот промашај.
Зад него, на подиумот се пласираа Квентин Фијо Маје (+32,7) и Штурла Холм Лагреид (+49,1), а под една минута доцнеше уште Бенедикт Дол (+55,3).
Од друга страна, дамите, наместо потера имаа спринт, кој беше планиран за вчера, но се одложи поради лошите временски услови.
Во најбрзата дисциплина, најдобро се снајде Денизе Херман-Вик (21:06,5), која славеше пред шведското дуо – Хана Оберг (+3,5) и Ана Магнусон (+33,1).
Од останатите натпреварувачки, во првите петмина се најдоа и Французинките Клои Шевалие (+33,4) и Жулија Симон (+39,3), која воедно го освои и големиот кристален глобус.