
После шест одиграни натпревари од новата сезона на ирската Премиер дивизија, Шелбурн има две победи, две ремија и два порази.
Синоќа, на националниот празник Св. Патрик, во рамките на шестото коло, клубот од Драмкондра запиша триумф од 0-2 над повратникот во лигата – Корк Сити.
На мечот, домаќинот беше подобар ривал, но гостите реализираа двапати од само два шута во рамките на голот.
Во првото полувреме, Џошуа Хоноан (10′) ја затресе сопствената мрежа, а во вториот дел, прецизно биеше Џек Мојлан (50′).
На табелата, Шелбурн скокна на петтата позиција, додека Корк Сити го зазема седмото место.