
За првпат после две и пол години, Козенца успеа да му нанесе пораз на Фросиноне.
Во триесеттото коло од италијанската Серија Б, претставниците на јужна Италија триумфираа на стадионот ,,Бенито Стирпе” со минимални 0-1.
Херој за гостинскиот состав беше Марко Брешанини (90+5′), кој со својот трет овосезонски погодок му донесе важни три бода на победничкиот состав.
И покрај поразот, Фросиноне остана на лидерската позиција, додека Козенца излезе од ,,црвената” зона и влезе во позициите што носат плејаут.