
После вчерашниот спринт во Гран-Борнар во Светскиот куп во биатлон во женска конкуренција, следуваше машката брза трка на десет километри.
На неа, со стопроцентен стрелачки учинок, до првата позиција дојде Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо (23:30,3).
На подиумот, исто така без промашај, се пласираа Едуард Латипов (+7,2) и Филип Фјелд Андерсен (+18,2).
За Андерсен, денешниот старт беше само седми во Светскиот куп во својата кариера, на кој го освои првиот подиум.
На четвртото место заврши Французинот Квентин Фијо Маје (+21,2), пред сè поради едната промашена мета.
Во продолжение, под половина минута заостануваа уште Стурла Холм Лагреид (+24,5) и Антон Смолски (+26,5).