Вториот супервелеслалом во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа денес во Вал Гардена, Италија.
На него, стопроцентниот учинок во 2021/22 во оваа дисциплина го задржа Александар Омодт Килде (1:25,91), кој триумфираше по вторпат во низа на истата локација.
Норвежанецот беше најбрз на патеката ,,Саслонг” што резултираше со вкупно петтата победа во кариерата во ,,супер џи”.
Зад него, подиумот го комплетираше австриското дуо, составено од Матијас Мајер (+0,22) и од Винсент Крихмајер (+0,27).
Во првите петмина се пласираа уште двајца Швајцарци, односно Беат Фојц (+0,57) и херојот на денот – Стефан Рожентан (+0,74).