
Гида Вестволд Хансен (14:10,5) беше најбрза на единственото овосезонско натпреварување во Рамзау, Австрија, од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција.
Норвежанката беше првопласирана и после двете серии што резултираше со нејзината петта победа во низа, односно петта на пет натпреварувања во тековната сезона.
За првпат во 2021, на првите две позиции немаше две натпреварувачки од Норвешка, откако до првиот пиедестал во кариерата дојде Словенката Ема Волавшек (+46,6).
Зад нив, на третото место, по вторпат на последните три трки заврши Јапонката Јуна Касаи (+1:01,3).
Најдобрата тркачка од првите четири трки, Марте Линан Лунд (+1:09,8), заврпи како четврта, а пласманот во топ пет го комплетираше Лиза Хирнер (+1:14,2).



