
Машката индивидуална трка на дваесет километри од Светското првенство во биатлон во Оберхоф (Германија) доби нов шампион.
Имено, стопроцентниот учинок во досегашниот дел од првенството го задржа Јоханес Тингнес Бо (49:57,5), кој дојде до четвртото злато на четирите досегашни натпреварувања.
Шампионот од минатото СП, Штурла Холм Лагреид (+1:10,7), се закити со сребро, а бронза на Швеѓаните им донесе Себастијан Самуелсон (+1:11,1).
Од останатите скијачи, под три минути доцнеа уште: Квентин Фијо Маје (+1:31,9), Бенедикт Дол (+2:09,6), Никлас Хартвег (+2:31,8), Тарјеи Бо (+2:32,9) и Михал Крчмар (+2:49,2).