
Сезоната на СаиПа уште од поодамна е бесцелна, поради фактот дека клубот од Лапеенранта е ,,закован” за дното без никакви шанси за плејоф.
Сепак, неговите маки беа дополнително зголемени, откако денес, загуби од Тапара со убедливи 8-0 за запишување на тринаесеттиот пораз во низа.
На мечот, домаќините постигнаа два гола во првата и уште по три гола во наредните две третини.
Во листата на стрелците се запишаа осум различни хокеари, односно Вели-Мати Витасваки, Бен Томас, Микаел Сепала, Топи Рони, Петери Пухака, Кристијан Куусела, Антон Левчи и Максим Матушкин.
На голот на претставниците на Тампере стоеше Нико Ховинен, кој ги одбрани сите четиринаесет противнички удари за вториот шут-аут во сезоната.
Со новите три бода, Тапара скокна на второто место на табелата, заостанувајќи осум поени зад лидерот Луко.