
Денешната програма од Светското првенство во алпско скијање во Мерибел (Франција) се состоеше од паралелните трки на мешаните тимови.
Имено, до светско злато дојде селекцијата на САД (3-2), во чиј состав беа Нина О’Браен, Ривер Радамус, Пола Молцан и Томи Форд.
На второто место се пласираше Норвешка, односно Кристин Лисдал, Александер Стеел Олсен, Теа Лујза Стјернесунд и Тимон Хауган.
Во малото финале, со бронза се закити Канада, натскијувајќи ја Австрија за 67 стотинки.
Боите на Канада ги бранеа Валери Грение, Џефри Рид, Брит Ричардсон и Ерик Рид, додека за Австрија скијаа Јулија Шајб, Доминик Рашнер, Франциска Гритч и Штефан Бренштајнер.