Њујорк Јенкис и Торонто Блу Џејс одиграа супер ефикасен натпревар со дури дваесет и шест постигнати поени.
Имено, до победата дојдоа Јенкис, кои беа подобри со 20-6.
Веќе после четвртиот ининг, претставниците на Њујорк имаа предност од 16-3, забележувајќи по седум, по пет и по четири поени во вториот, во третиот и во четвртиот ининг.
Играчите на победничкиот состав постигнаа шест хоум-рани: Лук Воит (х2), Адам Хикс, Гери Санчез, Клинт Фрејзер и ДиЏеј ЛеМехју.
Од друга страна, Владимир Гереро Џуниор и Лурдес Гуриел постигнаа по еден хоум-ран за Торонто.
Со оваа победа, Јенкис (27-21) го претекнаа денешниот ривал (26-21) и избија на второто место во Источната дивизија на Американската лига.