Екипата на Њујорк Ајландерс успеа да ги задржи своите надежи за пласман во финалето, откако синоќа го намали својот заостаток на 3-2.
Имено, Ајландерс синоќа, после продолжение, изборија триумф над Тампа Беј Лајтнинг од 1-2, коишто, во пресрет на петтиот меѓусебен дуел, имаа предност од 3-1.
Ајландерс поведоа со 0-1 во првата третина преку пауер-плеј голот на Рајан Палок.
Во вториот период, Тампа Беј израмни благодарение на Виктор Хедман, а резултатот од 1-1 се покажа како конечен после истекот на регуларното време.
Победоносниот гол за Ајландерс го постигна Џордан Еберле после цели триесет и две и пол минути игра во продолжението.