ЛА Клиперс и Денвер Нагетс, синоќа, ја одиграа ,,мајсторката” за влез во конференциското финале.
Клиперс водеа со 3-1 во меѓусебната серија, но Денвер, предводен од Јокиќ, израмни на 3-3 и избори седми натпревар.
Токму Јокиќ, заедно со Мареј, беше главен адут на својот тим и во ,,мајсторката”. Имено, Нагетс изборија победа од 89-104 во натпревар што беше неизвесен во првите три четвртини.
Најефикасен кошаркар беше токму Канаѓанецот Џамал Мареј со четириесет поени, а Никола Јокиќ беше единствен со трипл-дабл учинок (шеснаесет поени, дваесет и два скокови и тринаесет асистенции).
Кај поразениот состав, Монтрезл Херел беше најпрецизен со дваесет поени.
Во конференциското финале, Нагетс ќе ги одмерат силите со градските ривали на Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс.



