
Актуелните шампиони на НРЛ, Пенрит Пантерс, ја започнаа минатата триумфална сезона со осум последователни победи.
Сепак, во новата кампања, ,,Пантерите” потфрлија уште на самиот старт, откако загубија од Бризбејн Бронкос со
За домаќините, сè започна на посакуван начин, кога Стивен Крајхтон (8′) постигна есеј, а Нејтан Клери успешно конвертираше за водство од 6-0.
Сепак, до крајот, гостите од Квинсленд направија победничка серија од 13-0 и славеа на меѓусебните дуели на гостински терен за првпат после 2009 година.
Одговорен за трите прецизни шутеви на Бронкос беше Адам Рејнолдс, а две положувања во интервал од четири минути имаше Херби Фарнворт (16′, 20′).
На три и пол минути пред крајот, поразот на домашната екипа го ублажи Сони Лук (77′), а гореспоменатиот Клери дојде до јубилејниот петстоти гол во НРЛ.