
Првиот натпревар од одбојкарската Ефелер лига, после паузата од катастрофалниот земјотрес во Турција, го одиграа Халкбанк и Беледије Плевне.
Имено, во деветнаесеттото коло од тековната сезона, претставниците на Анкара рутински го поразија својот ривал со 3-0 или по сетови 25-16, 25-17, 25-17.
Од гостинските редови, најефикасен поединец беше Беркај Јавуз со четиринаесет поени.
Кај домаќините, десет поентирања имаше Томас Јешке, а уште по седум додадоа Мерт Матиќ и Нимир Абдел Азиз.
На табелата, Халкбанк ја задржа лидерската позиција, додека Беледије е убедливо ,,закопан” на самото дно со само три бода.