
Претпоследниот ден од Светското првенство во биатлон во Оберхоф (Германија) се состоеше од двете штафетни трки.
Во машка конкуренција, за првпат после шесте трки на кои учествуваше, Јоханес Тингнес Бо не освои злато, но сепак и’ донесе сребро на Норвешка (+27,3) заедно со Ветле Сјастад Кристијансен, со Тарјеи Бо и со Штурла Холм Лагреид.
На првото место се пласираше одличната Франција (1:21:48,8) за која настапија Антонан Жигона, Фабиен Клод, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје, а со бронза се закити Шведска (+1:39,9) т.е. Пепе Фемлинг, Мартин Понсилуома, Јеспер Нелин и Себастијан Самуелсон.
Иако во пресрет на последната измена беше лидер, селекцијата на Чешка (+2:04,2) мораше да се задоволи со четвртата позиција, а како петтопласирана заврши Германија (+3:51,8).
Кај дамите, до првото историско злато дојде Италија (1:14:39,7) во чиј состав беа Самуела Комола, Доротеа Вирер, Хана Аухенталер и Лиза Витоци.
Зад нив, сребро на Германија (+24,7) и’ донесоа Ванеса Воигт, Хана Кебингер, Софија Шнајдер и Денизе Херман-Вик, а второто бронзено одличје во денот за Шведска (+55,7) го освоија Лин Персон, Ана Магнусон, Хана Оберг и Елвира Оберг.
Во првите пет репрезентации завршија уште Франција (+1:31,6) и Австрија (+2:08,0).