
Екипата на Нортемптон Таун, иако конкурира за влез во Лиг 1, сепак се наоѓа во резултатска криза и не знае за победа веќе четири кола.
Во триесет и третата рунда од Лиг 2, популарните ,,Коблерс” ја прекинаа серијата од три ремија, откако беа поразени од аутсајдерот Гримзби со 1-2.
Во првото полувреме, домаќините поведоа со 1-0, благодарение на Сем Хоскинс (18′), кој со седумнаесеттиот овосезонски погодок изби на првото место на листата на стрелците заедно со Кристијан Денис од Карлајл Јунајтед.
Во текот на последните шеснаесет минути, ,,Маринерс” го приредија победничкиот пресврт преку Лук Ватерфал (74′) и преку резервистот од клупата – Ентони Дрискол-Гленон (90+1′).
На табелата, Гримзби скокна на шеснаесеттата позиција, додека Нортемптон остана во плејоф-зоната на четвртото место.